ВМРО-ДПМНЕ: Парите на граѓаните се трошат на тендери кои се знае која фирма ќе ги добие

Владата на СДСМ е синоним за криминал и корупција. Криминалниот картел е се само не отчетен и транспарентен.
Зоран Заев и криминалниот картел кој го води ги продаваат македонските национални интереси и во исто време вршат економски пустош.
Министерството за здравство, АД ЕЛЕМ и СОЗР се институциите преку кои се извршија сомнителни тендери и се врши набавка на скапи јадења.
Парите на граѓаните се трошат на милионски набавки, за кои однапред се знае која фирма ќе ги добие.
Министерството за здравство е министерство преку кое се извршуваат сомнителни набавки од фирми чија управа е во роднински врски со раководни лица на болници.
АД ЕЛЕМ е компанија преку која се извршија најсомнителните набавки на криминалниот картел. Договори во четири очи за милионски набавки за ископ на јаглен, договори во четири очи за набавка на работници и договори за превоз на руда на кои како превозник се јавуваат фирмите на Заеви.
АД ЕЛЕМ е претпријатието преку кое Кочо Анѓушев доби тендер од 2.6 милиони евра. АД ЕЛЕМ е синоним за партизација и испреплетеност на партијата и државата.
Смешно е за транспарентност и отчетност да зборува директорот на СОЗР, кој набргу по стапувањето на функција објави тендер за набавка на замрзната риба, октоподи и други морски плодови во висина од 400.000 денари.
Криминалниот картел не работи за граѓаните. Криминалниот картел работи на штета на граѓаните и државата. Овој криминал не смее да продолжи. Државата мора да се врати на правиот пат. Зоран Заев мора да падне, за да Македонија оди напред и Македонија да победи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
