Македонија
10. October 2026 - 16:36

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид

Питачењето и злоупотребата на децата остануваат сериозен и алармантен проблем.

Од 20 до 30 питачи од најмала возраст од новороденчиња па се до 15 години организирано носени од другите градови од државата доаѓаат во Охрид. Според истражувањата на здружението „Градиме Иднина“ децата се злоупотребуваат за профит едно дете за осум часа питачење може да донесе од три до пет илјади денари а добива од 10 до 30 денари.

Јовановиќ апелира до граѓаните да ги пријавуваат случаите за кои ќе забележат дека се поврзани со злоупотреба на деца и посочи дека за решавање на проблемот потребно е поголемо вклучување на општеството, преку отворање дневни центри и организирање едукативни работилници, како и вклучување на децата во образовниот систем.

Од здружението „Градиме Иднина“ велат дека се поднесуваат и кривични пријави, а це  бара и измени во кривичното законодавство за побрзо одземање на родителското право во случаи на злоупотреба.