ВМРО-ДПМНЕ: Ова уништување на државата со оваа власт мора да запре
Пред две години лажгото Заев прашуваше “Зарем ние ќе и кажеме на Америка дека згрешила што не признала под уставното име”. Пред година дена лажгото Заев ветуваше дека нема да дозволи Македонија да биде обесчестена и да се менува натписот на влезот во владата.
Овие денови гледаме дека човекот штом ќе зине, лаже. Заев ги извести САД дека згрешиле што не признале под уставното име. Заев ја обесчести Македонија симнувајќи го написот на влезот во Владата. Се менуваат таблите на граничните премини и целосно се брише институционалниот идентитет. Имињата ги менуваат и Народната банка и министерствата. Заев ги продаде највисоките национални интереси.
Во државата владее целосен хаос. Се вработуваат само деца, брачни партнери и роднини на послушниците на Заев. Непотизмот и корупцијата го достигнуваат максимумот. Парите на граѓаните се ограбуваат безмилосно преку
сомнителни набавки и тендери. Власта се луксузира, а народот осиромашува. Граѓаните и државата ја плаќаат цената на лагите на Зоран Заев. Ова уништување на државата мора да запре, а првиот чекор се претстојните претседателски избори.
ВМРО-ДПМНЕ денес на Конвенција под слоганот „За честита Македонија“ во Струга го избира партискиот кандидат за претседател на претстојните претседателски избори во Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ преку транспарентен и демократски процес внатре во партијата, овозможува да биде избран кандидатот кој ќе го претставува мнозинското мислење граѓаните и ќе работи во согласност на Уставот и законите и во полза на сите граѓани на Македонија.
Република Македонија мора да застане на здрави нозе. Со СДСМ државата секојдневно тоне, имаме уназадување во секој сегмент од општеството. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ на Конвенцијата поаѓа од тоа дека треба да се избере кандидатот кој ќе ги штити интересите на Република Македонија. Нашата заедничка цел е Република Македонија. Затоа потребно е лидерство кое ќе гарантира сигурност, заштита на државните и национални интереси, ќе гарантира правна држава и почитување на Уставот и законот и ќе обезбеди напредна, силна и честита Македонија.
Република Македонија повеќе не смее да тоне, затоа со победата на претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе го најави почетокот на крајот на оваа власт. Македонија и граѓаните ќе победат!
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам