ВМРО-ДПМНЕ: ОТА извршила незаконска набавка на средства за следење на комуникациите
Молк од надлежните институции за скандалот за набавка на средства за следење на комуникациите преку Оперативната техничка агенција.
Владата на СДС и ДУИ злоуптребувајќи ги механизмите за следење на комуникациите сакаат да нарушат националната безбедност и безбедноста на над 2 милиони граѓани.
Овој сомнеж доаѓа откако на 15-тата седница на Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите утврди сериозен сомнеж дека Оперативно техничката агенција го прекршила членот 2 од Законот за следење на комуникациите.
Имено ОТА извршила незаконска набавка на средства за следење на комуникациите, оваа набавка е без соодветно Одобрение предвидено во ставот 2 од истиот член од Законот за следење на комуникациите.
Сомнежот е дека оваа набака може да биде злоупотребена за нарушување на безбедноста на граѓаните на Република Македонија, како и повреда на човековите права и слободи на граѓаните кои се утврдени во Уставот на државата.
За оваа набавка на ОТА, Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите преку заклучен изгласан на комисијата го извести и Јавниот обвинител.
На повидок е скандал од најголеми размери, и за тоа бараме веднаш и брза постапка од надлежните институции.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка
-

Трамп: Ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка
-

Почина нобеловецот Вотсон, еден од научниците што ја откри структурата на ДНК
-

Кривично ќе се гонат четири лица за организирање борби со кучиња
-

АМСМ: Возете внимателно, коловозите се влажни
-

Петмина мртви, повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
-

Денеска е Св. Великомаченик Димитриј – Митровден
-

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател Ал Шара
