ВМРО-ДПМНЕ: Одржувањето на Суперкупот не смее да биде загрозено
ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение до медиумите информира дека единствените обврски кои остануваат да се реализираат до последната најавена посета од страна на УЕФА се тековни работи околу климатизацијата и средување на просторот, таканаречен ТВ компаунд, каде што би се сместувале возилата преку кои би се вршел преносот.
- Зоран Заев и Драги Рашковски се уште се однесуваат како опозиција. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја изгради Арената Филип Втори со што Македонија влезе на мапата на УЕФА како сериозен конкурент за организација на настани од највисок ранг и до последниот извештај на УЕФА редовно добиваше позитивни извештаи. Се што беше побарано од стручните лица на УЕФА беше реализирано, се наведува во соопштението.
Својата неспособност, се наведува во соопштението, Заев не смее да ја покрива со лажни изјави од типот сериозни пропусти.
- Сериозни пропусти нема! Ова се редовни обврски кои брзо и ефикасно може да се исполнат. Единствено што треба е да се обезбеди буџет за Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор да ги реализира во наредните 10 дена. Владата со одлука може да овозможи алокација на средствата на ПУИГ кои би се пренамениле за сервисирање на обврските околу Суперкупот. Лагите дека имало сомнителни тендери нема да помогнат во исполнување на бараните критериуми од страна на УЕФА. Сите јавни набавки се реализирани согласно закон. Спроведена е електронска аукција и одбрана е најниската понуда за тековно одржување на Арената Филип Втори, која е многу пониска од невистините изнесени од Рашковски, се вели во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Владата на СДСМ да не си поигрува со угледот на Република Македонија и дека одржувањето на Суперкупот не смее да биде загрозено.
Ново на Сител
-
Каква е безбедносната состојба во Македонија?
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, Претседател на движењето ЗНАМ
-
МВР ја објави кривичната пријава, Ковачевски осомничен за злоупотреба на 140.000 евра
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
Политички рекации
-
Ѓурчевски: Во МВР отсекогаш постоеле „кртови“, но денеска е полесно да се пронајдат
-
Таткото на починатото седуммесечно бебе: Го чуваш, го негуваш и за пет дена веќе го нема!
-
Бугарија со предупредување до ЕУ: Прво уставни измени, па интеграција на Македонија