ВМРО-ДПМНЕ: Николовски ги набљудуваше пожарите од дистанца
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски креирал хаос во земјоделството и побара одговорност.
Според ВМРО-ДПМНЕ, додека Николовски бил на одмор, изгореле шуми, имоти, куќи, а граѓаните во Република Македонија доброволно се организирале и сами се спасувале од огнените стихии.
- Зоран Заев и Љупчо Николовски се елементарна непогода. Да не беа дождовите, пламените јазици се уште ќе продолжеа да уништуваат се пред себе. Затоа срамна и лицемерна е денешната прес- конференцијата на министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Човекот излезе за да каже дека се уште броел колкава е штетата од пожарите кои заедно со својот претпоставен ги набљудуваа од дистанца, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на министерот Николовски.
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека не е откриен ниту еден виновник за подметнување на пожарите во Македонија.
- Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку акцијата „Ден на дрвото“ која почна во 2008 година, засади над 36 милиони садници, во која се пошумени над 13.000 хектари. Изминативе години се спроведоа неколку акции за спречување кражба на дрва и уништување на шумскиот фонд, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица
-
Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни