ВМРО-ДПМНЕ: Не само што Заев и СДСМ не се борат против корупцијата, туку криминалниот картел сместен на „Илинденска бб“ стана главното дувло на корупцијата во Македонија
Главната пречка за напредок се Зоран Заев и неговата клептоманска влада
Македонија е држава на многу проблеми, а изворот на сите тие проблеми е криминалната и коруптивна влада.
Не само што Заев и СДСМ не се борат против корупцијата, туку криминалниот картел сместен на „Илинденска бб“ стана главното дувло на корупцијата во Македонија. Македонија за прв пат во историјата доби негативен извештај од Советот на Европа за справувањето со корупцијата. Владата на Заев и СДСМ добија незадоволителна оценка за борбата со корупцијата.
Европа не може да замижи пред низата криминални тендери и грантови доделени на високи државни и партиски функционери на СДСМ. Европа не може, а да не го види холивудскиот грабеж кој СДСМ го спроведува во Македонија,
грабеж во кој за само неколку недели тежеше афери од 45 милиони евра државни пари.
Криминалното владеење на Зоран Заев додека беше градоначалник на Струмица и неговите методи ,,Едно евро за Вицето, едно евро за црквата’’, сега ги употребува додека седи во премиерската фотелја. По стапките на Заев чекори и
целата локална и централна власт, бидејќи знаат дека на крајот тие како и нивниот шеф ќе биде амнестирани од заробениот правосуден систем под контрола на СДСМ. Но тоа не ги амнестира од одговорност, затоа што владеење на правото мора да има.
Јасно е дека антидржавните политики на Заев и СДСМ нема да не доближат до ЕУ и НАТО. Повеќе од јасно е дека Зоран Заев и неговата криминална влада се единствената пречка на Македонија до остварување на целта за членството во ЕУ и НАТО. Главниот проблем е криминалниот картел на власта, и клептоманската влада која управува со државата.
Македонските граѓани немаат проблем со својот идентитет туку со криминалните грантови и тендери кои станаа главна валута за исплата на партиските послушници.
Народот знае дека за Македонија да победи, Зоран Заев мора да си замине!
Ново на Сител
-
Трамп го назначи Стивен Милер за заменик-шеф за политика во новата администрација
-
СДСМ: Mицкоски сака да го партизира судството
-
Стејт Департмент: Блинкен ќе се сретне со израелскиот министер Дермер, САД инсистираат на поголема хуманитарна помош за Газа
-
Израел соопшти дека Хезболах истрелал 165 ракети кон северен Израел
-
ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете
-
Откриена огромна мрежа на фалсификати во Италија, ги лажирале делата на Моне, Ван Гог…
-
Курти: Прво Бриселскиот, а потоа и Вашингтонскиот договор
-
Белата ајкула-дух пронајдена во близина на островот Сазан во Албанија го воодушеви светот