ВМРО-ДПМНЕ: На Шилегов треба да му биде одземена дипломата
На Петре Шилегов треба да му биде одземена дипломата, бидејќи според Уставот постоечката Владата на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференцијата на Петре Шилегов.
- Согласно членот 93, став 5 од Уставот на Република Македонија постоечката Владата на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада. Следствено на тоа, претседателот на Владата и министрите кои се избрани за пратеници во Собранието на Република Македонија продолжуваат да ги извршуваат своите должности како членови на Влада се до избор на нова Влада, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ваков континуитет, стои во соопштението, имаше Владата на која мандатот и престана поради распуштање на Собранието до изборот на новата Влада во 2011 и во 2014 година, каде новоизбраните пратеници како членови на Влада ги извршуваа своите должности согласно Закон за Влада, односно до избор на нова Влада на Република Македонија во 2011 и 2014 година по спроведените предвремени парламентарни избори.
Континуитет имаше и Владата од 2006 година во која што Владо Бучковски беше и премиер и пратеник, а Радмила Шекеринска учествуваше на седниците на Владата, иако исто така беше избрана за пратеник. Функционерите на СДСМ тогаш ги извршуваа должностите се додека не ги предадоа кабинетите откако беше формирана новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ, а тие се преселија во Собранието како пратеници на поразениот СДСМ, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Турчин уапсен за криумчарење на осум мигранти од Сирија
-
Ги затекнале како користат хероин, уапсени 4 лица во Кочани
-
Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати
-
Парламентарци од Чешката Република во посета на Собранието на Северна Македонија
-
Генералниот секретар на НАТО во посета на Грција
-
ЈСП ќе добие шест еколошки автобуси донација од ЕУ
-
Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година
-
Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен