ВМРО-ДПМНЕ: Македонија на референдумот кажа едно големо НЕ на политиките на СДСМ
Година ипол по доаѓањето на власт на Заев, граѓаните живеат полошо.
Владата ги ограбува граѓаните, функционерите се богатат, а тие се потешко врзуваат крај со крај.
Горивата денес повторно поскапуваат. Ако пред две години граѓаните можеле да наполнат резервоар со 2.000 денари, сега за истото количество гориво им се потребни 2.900 денари. Тоа за граѓаните значи зголемување на трошоците од 30%, а платите не
мрдаат.
Овие рекордни цени на горивата се должат и на зголемувањето на акцизите. Тоа е одлука која ја донесе Заев само за да обезбеди дополнителни средства за расипништвото на криминалниот картел.
За да го покријат криминалот и алчноста, владата денес се задолжува за нови 32 милиони евра. Капитални инвестиции нема. Тие се на рекордно ниско ниво од 16,6 проценти за првите шест месеци од годинава. Ова задолжување им треба единствено за да си го покријат луксузот и криминалните тендери.
Комарџијата Заев игра на само една карта. Сиот овој криминал да го покрие со продажба на највисоките дрзавни и национални интереси. Македонија на референдумот кажа едно големо НЕ на политиките на СДСМ.
Македонските граѓани кажаа НЕ на криминалите на власта, наместените тендери, уништената економија, кажаа НЕ на немањето на проекти во здравството, во образованието. Пораката е испратена, граѓаните се свесни дека СДСМ не може да им го донесе ветениот живот. Граѓаните во огрoмно мнозинство кажаа дека се против промената на името, Уставот, идентитетот, јазикот и откажувањето од своите сонародници во соседството. Народот е свесен дека оваа власт нема да им донесе подобро утро. Народот потврди дека сака Македонија да победи!
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-
Средба Мицкоски - Таравари ќе има, Ахмети не разговарал со Алијанса за општини
-
Фетаи со честитка за „Слободна зона Карадак„ - Избриша видео со знаме на голема Албанија
-
Мерките завршија, граѓаните стравуваат од нагло поскапување во маркетите
-
Јавниот долг на најниско ниво во последните 5 години
-
Македонија падна за шест места на Индексот за слобода на медиумите
-
Протест на вработените во Зоолошка градина - Тврдат дека немаат земено плата за март, останале и без здравствено осигурување
-
Преглед на вестите од светот