ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е на економското дно во регионот, после ребалансот кризата уште ќе се влошува
Владата на СДСМ и ДУИ е виновна поради економската катастрофа која ни се случува. Македонија има најмал раст на БДП во регионот, Македонија има најмалку странски инвестиции во регионот, Македонија со двоцифрена инфлација има една од најголемите стапки во Европа и регионот, Македонија е една од најкорумпираните и најсиромашните држави во Европа. Ете ова е резултатот од политиките на оваа власт.
И сега со ребалансот на буџетот потврдуваат дека немаат никаква визија како да се справат со кризите кои самите ги разгоруваат. Со ребалансот се кратат капиталните инвестиции, кои во секоја нормална економија се двигател на развојот. Со ребалансот се предвидува намален раст на БДП за оваа година за 1,4% што значи дека за истиот процент ќе порасне и долгот на државата. Долгот веќе е 7 милијарди евра со тенденција до крајот на годината да стигне 8 милијарди евра.
Наместо да се засрамат од СДСМ се гордеат што во буџетот за 2022 година имаат стотици милиони евра непродуктивни трошоци. Овие стотици милиони евра доколку беа наменети за стопанството и граѓаните од почетокот на годината немаше да има 4000 затворени компании за три месеци, немаше да има над 35% граѓани во ризик од сиромаштија, немаше да има половина милион лица кои живеат само со 150 денари дневно, немаше да има вртоглава инфлација на основните животни потреби од 30 до 100%, немаше да има страв и неизвесност.
Оваа Влада и пред, а особено после ребалансот нема капацитет да се справи со кризите. Напротив уште повеќе кризите се продлабочуваат.\
Ново на Сител
-
УНИЦЕФ: На 26.000 деца во Појасот Газа им е потребно лекување од акутна неухранетост
-
Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство, знае дека не можат да бидат обвинети
-
Трамп: Ја сакам Украина, но земјата е во сериозна неволја
-
ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево, ниту тешки метали во водите
-
Агресивно се однесувал кон полициски службеници, приведен 50-годишник
-
СВР Велес попладнево со нови информации во врска со двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Приведен 47-годишник, при претрес пронајдени стебла канабис | ФОТО
-
Почина холивудската икона Роберт Редфорд