ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за професионалност во полицијата
ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција обвини дека е крајно лицемерно денес СДСМ да зборува за професионалност во полицијата, бидејќи кога Оливер Спасовски беше министер за внатрешни работи направи брутална и противзаконска партизација на полицијата.
- Спасовски не направи една полициска акција за сузбивање на криминалот. Напротив се фотографираше со припадници од наркомафијата и подземјето, со фалсификатори како Чауш и со криминалци кои му одработуваа на теренот, рече денеска на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС, како што наведе, никогаш не направило ништо за полицијата, туку секогаш ја напаѓале и обвинувале.
- Деновиве изминаа точно две години од бруталното насилство врз полициските службеници на нивниот протест пред владата. Вандалите и насилниците од СДС и платеничката револуција, тогаш повредија 40-тина полицајци. Полициските службеници и целата јавност видоа со кого си имаат работа. Целата деструкција на криминалецот Заев излезе на површина, рече Ѓорѓиевски.
Утре, посочи тој, се навршуваат две години и од полициската акција во Дива Населба. - Оливер Спасовски и Зоран Заев наместо да покажат грижа за оние кои се жртвуваа за Република Македонија, отидоа да прават селфи и да се смеат на местото каде што беа убиени македонските херои. Оливер Спасовски нема никакво морално право да говори за полицијата, истакна тој.
Заев и раководство околу него, кажа Ѓорѓиевски, премолчуваат се што е на штета на Република Македонија. - Му се брза да формира Влада, мислејќи дека ќе се спаси од кривичен прогон за големиот број на кривични дела за кои треба да одговара согласно закон, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера