ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски нека си олесни сам на себе и нека си поднесе оставка за да ја спаси Македонија
Ковачевски да престане да биде кукавица. Дезертирал од служењето на воениот рок, прогласувајќи се за трајно неспособен, се плаши од избори и бега од ТВ дебата за актуелните теми. Врв на неговиот кукавичлук е последниот случај за кој зборува јавноста со оставката која ја поднел, па ја повлекол под притисок на ДУИ и Талат Џафери.
Разбираме дека му е страв да се соочуваат аргументи или да се соочи со казната на народот, ама да нема свое јас и свое достоинство, тоа веќе е голем срам за него и за неговата партија. Очигледно дека кога една ваква лична одлука на Ковачевски, како што е оставка од функцијата, му зависи од поголемиот коалициски партнер ДУИ, тогаш не би не зачудило Ковачевски за сопствено мислење да се консултира со Мала Речица.
Му порачуваме на Ковачевски дека бегање од народ и од одговорност нема. Тоа што се пишманил од оставката само ја продолжува неговата агонија, но што е полошо ја продолжува и агонијата на Македонија. Нека си олесни сам на себе и нека си поднесе оставка за да ја спаси Македонија од неговата криминална и корумпирана влада.
Ново на Сител
-
Од булевари и подземни улици до социјални мерки - Ветувања на кандидатите за градоначалници на Скопје
-
Локални избори 2025
-
Изборна кампања
-
Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица против АВМУ, останува без можност за платено рекламирање за изборите
-
Онлајн купувањето станува поскапо - 18% ДДВ и за нарачките под 22 евра
-
Одземени 46 концесии за рудници и активирани 4 банкарски гаранции за фотоволтаици
-
Орце Ѓеоргиевски најавува пуштање на подземната сообраќајница во центарот на Скопје
-
Шукова најавува отворање на младински центри по примерот на големите светски метрополи