ВМРО-ДПМНЕ: Ќе поддржиме влада на СДСМ, ако се откаже од платформата од Тирана
ИК на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ја реафирмираше позицијата и ставот на партијата „дека во конкретниов случај, помала е цената да се удоволи на желбата на СДСМ кој сака да се дограби до власт и покрај поразот кој го доживеа на минатите избори“. ВМРО-ДПМНЕ би ја поддржала идната нивна влада, само доколку се откажат од уцените и целосно ја отфрлат платформата од Тирана, соопштија денеска од партијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, реализацијата на платформата од Тирана ќе значи целосно редефинирање на Република Македонија, нејзино претворање од мултиетничка во бинационална држава кој во подоцнежните фази ќе се федерализира, кантонизира и подели.
- ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи реализирање на вакво сценарио кое е спротивно на државните и националните интереси и ќе застане на страна на народот кој на изборите не гласаше за платформата од Тирана. Напротив, мнозинството граѓани ја поддржаа програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ и ВМРО има обврска кон гласачите да ја почитува нивната волја, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Реафирмирањето на ставот ИК на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на влада на СДСМ, доколку партијата ја отфрли платформата на албанските партии, е донесен на вчерашната седница по направената анализа на политичката состојба после постигнувањето договор меѓу СДСМ и ДУИ со кој беа обезбедени потписи за барање на мандат за составување на идната владина коалиција.
- Нетранспарентноста на целата постапка и криењето на договорот, остава огромен сомнеж за ризиците кои ги содржи истиот. Според ИК постигнувањето на договор со кој се одлучува за иднината на унитарна, суверена и мултиетничка Македонија зад затворени врати, креира тензии во земјата и го буди гневот меѓу граѓаните. Штетите предизвикани од ваквото постапување може да бидат огромни и далекусежни, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Државата им плаќа да студираат на престижни универзитети, ама не го користи нивниот потенцијал
-
ЕУ очекува уставни измени и почитување на Преспанскиот договор од новата Влада
-
Ибраимовски демантира дека им се заканувал по живот на уставните судии
-
Камбовски: Распуштање на Судски не е опција
-
Преглед на вестите од светот
-
На секоја втора фирма во Македонија и се барало мито
-
Граѓаните не се доволно вклучени во процесот на носење одлуки
-
Не запираат дивоградбите во Охрид