Македонија
16. July 2021 - 9:02

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ ќе плаќаат поевтина струја

Македонија нема веќе време за чекање 2021 година, а домаќинствата низ државата немаат достап до гас. ВМРО-ДПМНЕ има план како да ја гасифицира Македонија и за четири годишен мандат на идните општински и градски власти и до 50% од домаќинствата да добијат бесплатен приклучок на гас.

Ако сакаме почиста животна средина, гасот е неопходен.

Граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ ќе плаќаат и поевтина струја. Планираме да го продолжиме животниот век на РЕК Битола и РЕК Осломеј до 2040 година, тоа ќе допринесе за поголемо производство и поевтина струја за сите.

Парите од акцизата на дизелот која СДСМ ја воведе пред 2 години ќе завршат кај граѓаните. За проекти од областа на културата, спроти образованието.

Време е државата да се развива правилно. Време е за Македонија за сите луѓе!

Ново на Сител