ВМРО-ДПМНЕ гради став за референдумот
Во ВМРО-ДПМНЕ од попладнево се во тек координации на Извршниот комитет и на Централниот одбор на кои се очекува да биде заземен став на партијата за претстојниот референдум на 30. септември.
Претходно, во партиското седиштето се одржа коордиција и со пратеничката група.
Според најавите од партијата, заклучокот од состаноците на највисоките партиски тела ќе биде објавен на прес-конференција.
Од партијата во повеќе наврати порачаа дека се за членство на Македонија во Европската унија и НАТО, но се против Договорот за името меѓу Македонија и Грција.
Сепак, членови на партијата веќе ги соопштија своите лични ставови дека ќе го бојкотираат или дека ќе гласаат на референдумот, и кои се нивните видувања за промената на името кое се доведува во контекст на евроинтеграциите.
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари