ВМРО-ДПМНЕ: Фирмите на граѓаните пропаѓаат, додека фирмата на братот на Љупчо Николовскки зголемува профит за 2.100%
Македонија е на 111-то место во борбата против корупцијата според Транспаренси, затоа што тие кои треба да се борат, се најкорумпирани.
Љупчо Николовски, вицепремиерот за (анти)корупција да каже како е можно фирмата на неговиот брат за една година има пораст на приходите за неверојатни 2.100%?
Да измислеше фирмата на братот на Николовски лек против корона или да произведуваше вакцини па немаше ваков вртоглав раст на приходите да оствари за кратко време?
Како во многу други случаи и овде смрди на матни зделки и огромна веројатност за корупција и злоупотреба на службена должност.
Во Македонија фирми со децениска историја отпуштаат вработени, а фирмата ма владиниот функционер рапидно скока.
Николовски е должен да излезе во јавноста и да даде одговори и да понесе одговорност. Власта е изворот на корупцијата во Македонија. Власта на Заев во европски рамки стана симбол за криминал. Љупчо Николовски е типичен преставник од таа власт на Заев по секој основ, а гледаме и по основниот заев модус операнди.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот