ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата СВ Инвест добила 22 милионски тендер од РЕК Битола во четири очи
СДСМ ја зацрнува економијата, додека бизнисите на граѓаните тонат фирмите на блиските до власта нижат милионски тендери. Медиумите објавија скандалозна информација дека фирмата СВ Инвест која како што пишуваат се поврзува со Вице Заев, брат на премиерот и добила 22 милионски тендер од РЕК Битола во четири очи.
Според документите кои ги објавија медиумите се гледа дека фирмата СВ Инвест на 15.10.2018 година склучила договор со АД ЕЛЕМ за ангажирање на рударска механизација за потребите на РЕК Битола со договор во четири очи во износ од 22 милиони.
Од објавената документација се гледа дека СВ Инвест е фирма која нема сопствена механизација и опрема за извршување на работата, туку истата ја изнајмува од 3 различни компании. Потенцираме, фирмата нема ниту една единствена машина за вршење на дејноста, а АД ЕЛЕМ склучува договор во 4 очи од истата во вредност од 22 милиони.
Кои биле квалификациите според кои оваа фирма добила тендер, а нема ниту една машина? Според кој метод АД ЕЛЕМ одлучил дека баш СВ Инвест е најдобра за извршување на дејноста, а како што гледаме истата земала телескопски чистач од една, автодигалка од друга компанија, а работници од трета компанија, што знначи не е специфицирана за работа и за задачите кои што ги извршува.
Дали ова е шемата по која се испумпуваат парите од буџетот преку државните претпријатија? Дали ова е животот за кој што зборуваше СДСМ пред да дојде на власт?
Почитувани,
едувач на струја во државата, кој обезбедува и до 80% од потребите на граѓаните?
СДСМ нема капацитет да управува со државата и државните фирми. Очигледно нив ги интересира само личниот интерес и бизнис интересот на нивните фирми.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, говорник: Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“
-
Литија со моштите на Свети Георгиј ја освети Струга
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вице премиер
-
Првиот приватен универзитет во Македонија АУЕ–ФОН одбележува 22 години од основањето
-
Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ
-
Мицкоски: Не смееме да заборавиме – криминалците се шетаа слободно, денеска законот важи за сите
-
„Најголема енергетска инвестиција во последните 10 години“ - Почнува изградбата на интерконекторот со Грција
-
Таравари со една нога надвор од Владата