ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев го загрозија здравјето и животите на граѓаните
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен обзнани дека Европската унија од фондовите за солидарност на 19 земји ќе им подели 530 милиони евра за покривање на трошоци произлезени од потребата за справување со последиците од корона кризата.
Македонија ја нема меѓу овие земји.
Македонија, како што почнуваат да излегуваат работите, како да не аплицилара за средства од солидарниот фонд?
А и да аплицилирала, зарем би и дале европски пари на земја која се најде на црна листа, земја чиј премиер и министер сакале поради провизии да го излажат официјален Пекинг.
Заев и Филипче си решиле преку приватна и тоа фантом фирма да набуваат кинески вакцини.
Токму Филипче кој говореше за бесплатни здравствени услуги во ЕУ до кои ќе не донесе членството во Унијата, ја стави Македонија на црна листа по број на починати од корона на милион жители, на дно на листите по набавени вакцини. И сето тоа поради личните интереси и алчност, сакал преку фантом фирми да набавува вакцини од Кина.
И се разбира Кина го врати авансот, а обвнителството во Македонија има работа токму со овој случај и со вклучените во истиот Филипче и Заев.
Филипче и Заев направија една работа, го загрозија здравјето и животите на граѓаните.
Помина прв бран без без заштитна лична опрема, втор бран без медикаменти и болнички кревети, трет бран без вакцини.
Поради сето тоа Заев и Филипче ќе одговараат!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Јавниот обвинител дава отчет пред пратениците за работата во 2023
-
Енергетиката и инфраструктурата во фокусот на средбата Мицкоски - Вучевиќ во Скопје
-
Мицкоски ќе испрати писмо со институциите на ЕУ, Филипче бара затворена собраниска седница
-
Блерим Беџет: Коалицијата на ДУИ е стабилна - Арбен Таравари: ДУИ треба да се адаптира и реформира
-
Истражување на ЕПИ: Надворешната политика е важна за граѓаните, но тие не се доволно информирани
-
ДСЗИ и стручна комисија го испитуваат случајот со смртта на 14 – месечното дете на Детската клиника
-
Државната статистика пресмета 2,6% инфлација во септември – најголемо е поскапувањето на зеленчукот
-
Mицкоски: Ваучер од 250 евра за комјутер или телефон за сите студенти