МОН и СОНК пред договор за зголемување на платите и колективен договор
МОН сепак ќе најде пари за да ги зголеми платите на наставниците уште оваа година. МОН и СОНК се на прагот да постигнат договор. Наместо во март како што најауваше министерката, покачување сепак ќе има уште од годинава. Јаневска не прецизираше колку но вели одлуката ќе биде согласно барањата на синдикатот.
Од СОНК за Сител велат дека очекуваат покачување уште со октомвриската плата, до крајот на неделава ќе се договорат со министерството. Од синдикатот побарале да потпишат 4 годишен договор со МОН .
Во отчетот за сработеното министерката Јаневска најави поголем буџет за наредна година.Во тек се анализи и како да продолжи изградбата на двете згради за факултитети ФИНКИ и ДИФ. 36 капитални инвестиции се во тек како и 40 санации на училишта. За учебниците по странски јазици кои не се достапни веќе неколку години, набавката ќе биде распишана најдоцна до јануари. Министерката најави воведување едносменска настава во уште 50 училишта и целодневна за сите до 5 одделение. Во моментов има вишок кадар од 3000 наставници а бројот на ученици се намалува. Со оваа реорганизација сите ќе добијат ангажман и наставата ќе биде поквалитетна.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар