ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е најголемиот проблем за корона кризата во земјата, оставка веднаш
Без никаков срам СДСМ праќа соопштенија дека виновник за корона кризата во Македонија е ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кога граѓаните добро знаат дека СДСМ и Филипче се целосно изгубени во справување со ситуацијата. Поради нивната неспобност секојдневно во земјата има над 1000 заразени и над 20-тина почината од КОВИД-19.
Високата бројка на заразени и починати од почетокот до денес не значи ништо ниту за СДСМ, ниту за Филипче. Во период кога граѓаните секојдневно гледаат да се заштитат од вирусот за СДСМ и Заев важни се изборите во Штип.
Здравствениот систем е колабиран, исцрпени се медицински лица, нема соодветна, а нема ниту секаде терапија, граѓани умираат на пат до болница или во ходници.
Се почести се апелите за помош и собирање донации, по социјалните мрежи, за своите најблиски да ги лечат во приватните установи. Граѓани се заглавуваат во кредити, за да најдат лек во приватно здравство.
Филипче, како министер, не решава проблеми затоа што тој е проблемот. Токму затоа, Филипче веднаш треба да понесе одговорност!
Филипче, оставка веднаш!
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло