ВМРО-ДПМНЕ: Економските мерки се недоволни, а поддршката од државата минимална
Зошто македонската економија постигнува најлоши резултати во справувањето со пандемијата?
Денес заменик премиерот за економски прашања, господинот Битиќи даде одговор зошто македонската економија најмногу настрада од пандемијата со КОВИД-19.
Имено, од 38 европски економии за колку што постојат податоци, 9 имаат повисок пад на БДП од Република Македонија во вториот квартал на 2020 година, а 28 помал.
Дополнително Состојбите на пазарот на трудот исто така се влошија за време на пандемијата. Во вториот и третиот квартал заедно, бројот на вработени лица (според Анкетата за работна сила) е намален за 25.545, односно за 3,1% од вкупниот број вработени. Влошувањето кај пазарот на труд во Република Македонија е поизразено отколку во другите европски земји.
Одговорот кој го даде Битиќи е едноставен:
„Никогаш не сме давале неповратни буџетски пари за плати, но еве, грешката била што тогаш не го нарековме кредитирање, а било тоа”
ВМРО-ДПМНЕ постојано говори дека економските мерки се недоволни.
Вкупната големина на мерките изнесуваше околу 3,5% од БДП, со што е трета најмала во Европа. Притоа, мерките со буџетски импликации изнесуваа мизерни 2% од БДП, додека мерките без директни буџетски импликации уште пониски 1,5%.
Македонските претпријатија се на колена. Катастрофално лоша е состојбата во услужниот сектор, а најмногу страдаат хотелите и рестораните. Поддршката од државата е минимална, а замислете и таа поддршка што ја добиле треба да ја вратат, како да завршила пандемијата.
Зарем со вратените средства од претходните четири минимални пакети Владата ќе го креира петтиот пакет?
Господ нека ни е на помош.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Македонија ќе ги укине царините кон САД
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
7 специјализанти добија решенија во охридската болница
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Софија бара ослободителна пресуда за основачот на клубот „Ванчо Михајлов“
-
Побаран притвор за поранешните директори