Македонија
10. September 2025 - 12:18

Oхридското езеро доведено до критична точка

Охридското езеро доведено до критична точка. Според научната фела она што во иднина мора неминовно да се спаси се водените живеалишта, кои на светско ниво претставуваат убедливо најзагрозени еко системи но и да се спречи загадувањето кои го прават отпадните води и масовната урбанизација на самиот брег.

И препораките на Унеско укажуваат дека надлежните мора да преземат сериозни мерки за да се  заштити езерото.

Добрите познавачи посочуваат дека Охридското  езеро е прогласено за заштитено подрачје од страна на УНЕСКО пред се поради неговите природни карактеристки, а тоа е присуството на голем број ендемски видови.