ВМРО-ДПМНЕ: Двосменско работење може да доведе до хаос во градинките
ВМРО-ДПМНЕ смета дека евентуалната реализација на двосменско работење може да доведе до хаос во детските градинки и оти не е направена анализа дали и колку тие се подготвени да работат во две смени.
Од партијата велат дека Министерството за труд и социјална политика, во периодот на претходната Влада направило анкета која покажала дека не постои интерес за воведување втора смена, бидејќи од вкупно 54 општини во кои има 65 градинки само 4 покажале интерес за двосменско работење што е само 7 проценти од вкупниот број на градинки.
- СДСМ со планираното воведување на работа во двете смени, ризикува да го преполови капацитетот на градинките во периодот кога има најголема потреба од нив, односно во текот на работниот ден и со тоа да ги направи нефункционални. Голема лага е дека од септември градинките ќе бидат подготвени да работат во две смени. Воведување на работа во две смени не може да се реализира без нови работни места и невозможно е таа да профункционира во градинките во Република Македонија, рече на денешната прес-конференција Марија Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ.
За реализација на оваа мерка, посочи таа, потребно е и зголемување на буџетот и блок дотациите за детските градинки, а тоа не е предвидено во ребалансот за буџетот за 2017, кој е донесен токму од Владата предводена од СДСМ.
Јакимовска посочи и дека најголемиот број градинки моментално работат од 7 часот наутро до 18 часот навечер, така да ноторна лага е дека тие работеле до 14:30 часот. - Сегашното работно време на родителите им овозможува навреме да стигнат на работа и да имаат време после работа да ги земат своите деца од градинка, а програмите за целодневен престој траат од 9 до 11 часа и тие можат да се изведуваат претпладне, попладне, целодневно или наизменично.
Владата на СДСМ, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ, нема капацитет ниту концепт за спроведување на реформи и оти за тоа на 15 октомври ќе ги стигне казната од граѓаните кои ќе покажат колку не и веруваат.
Ново на Сител
-
Четворица астронаути се вратија на Земјата по пет месеци поминати на Меѓународната вселенска станица
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека околу 40 минути
-
Жител од Трубарево осомничен за загрозување на безбедноста во сообраќајот
-
Студија: Врската на човекот со природата се намалила за 60 проценти во изминатите 200 години
-
Апел од ЈП Водовод и канализација скопјани рационално и внимателно да ја користат водата
-
Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро
-
Претседателот на Собранието ги распиша локалните избори на 19 октомври
-
18-годишник со мопед удрил во паркирано возило, тешко повредена неговата малолетна сопатничка