-->
-->
Пред 9 години Бритни Спирс изгледаше очајно, а денес е секси како никогаш!
-->

Пред повеќе од 9 години, тогаш една од најголемите поп ѕвезди на светот влегла во фризерскиот салон Esther's во Калифорнија и побарала да и ја избричат главата.
Естер ја одбила, а Бритни Спирс тогаш сама ја земала машинката за шишање и сама ја избричила својата долка руса коса. Потоа отишла салон за тетоважи и дозволила да стават две тетоважи. Кога Тату мајсторот ја прашал зашто ја избричила косата, таа му одговорила: „Не сакам никој да ме допира. Уморна сум од тоа сите да ме допираат“.
Останатото е историја: Светот во шок гледаше како се распаѓа животот на поп симболот која ја обожаваа милиони, а несреќната Бритни се бореше колку - толку да сочува здрав разумот.
Девет години подоцна, талентираната пејачка повторно изгледа и звучи фантастично. На 13 февруари го оддржа првиот од низата идни концерти во Лас Вегас, а фановите тврдат дека никогаш не изгледала толку секси.
Бритни ќе настапи во Планет Холивуд, за влезниците владее голема побарувачка, а се спрема и нов албум. Наводно 80% од песните веќе се спремни за објавување па само е прашање на ден кога ќе се најдат во продажба.
Истовремено, Бритни е новопечена кралица на Инстаграм - Така барем прогнозираат илјадниците фанови кои се одушевени што се вратила во светот на шоубизнисот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмина полицајци убиени, осуммина ранети во серија напади во Пакистан
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче