ВМРО-ДПМНЕ: Директорите во М НАВ земаат плата од пола милион евра, денеска нови детали
Афера Паразити - Директорите во М НАВ земаат плата од пола милион евра за еден мандат, денеска во 12 часот нови детали.
Фахрудин Хамиди, претседател на Управниот одбор и Извршен директор во СВН во М НАВ, именуван од страна на владата месечно зема плата од 6 илјади евра. За една година истиот само како плата зема над 70 илјади евра. За мандат од 4 години тоа се над 280.000 евра.
Ништо поразлично не е ниту за членот на УО и Извршен директор во СВТ на М НАВ, Владо Крстевски, кој зема 4.5 илјади евра плата месечно. За една година тоа се над 50.000 евра, а за еден мандат од четири години Крстевски од државата ќе земе над 200.000 евра како плата.
Овие двајца директори во М НАВ земаат скоро половина милион евра само како плата од М НАВ за еден мандат.
И додека директорите на М НАВ земаат стотици илјади евра за еден мандат на име плата, народот страда. Нити две минимални плати не ја покриваат потрошувачката кошница. Тоа што до пред една година можело да се купи за 500 денари како намирници во продавница, сега не може ниту со 1.000 денари.
Аферата Паразити покажува зошто власта не се грижи за економијата и зошто нема слух за проблемите и високата инфлација. За функционерите на власта инфлацијата не значи ништо, таа удира по народот. Затоа се потребни промени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица