-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Дали обдукцијата врз телото на убиеното момче од Ново Село била вршена нереално?
-->
Дали ЈО од Струмица сакало да ја забошоти истрагата за убиството на младото момче од Ново Село затоа што трагите водат до структури блиски до власта?!Со денови власта молчи, и повторно се обидува да забошоти убиство.
Според информациите кои излегоа во медиумите, дури ЈО кој излегол на терен, извесен Златко Иванов, констатирал дека обдукцијата врз телото на убиеното момче била вршена нереално, односно било манипулирано со трагите од насилство. Но случајот тука завршил. Зошто и дали некој наредил во Судска медицина да биде изготвен таков извештај со цел случајот да се затвори како несреќа?
Целиот случај е воден со големи пропусти. И индицира дека буквално се внимавало да не се дојде до некој.
Ова е втор случај во кој власта се обидува да прикрива убиство, како што беше случајот со убиството на ракометарот Тот. Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, кандидат за судија во Стразбур
-

Бизнис форум за поголема економска соработка меѓу Македонија и Тајван
-

Уапсени инспектори на УЈП од Штип и Струмица поврзани со работата на „Пулс“
-

Генералниот секретар Чучуљ доби најдобра оценка од сите кандидати за претседател на Антикорупциска
-

Законот за Судски совет доби зелено светло од Владата, ќе патува до Брисел пред да добие амин од пратениците
-

Имињата на новите министри за празните позиции ќе бидат познати следната недела
-

Премиерот Мицкоски најави анонимни телефонски линии за пријавување мито во здравството
-

Второ мислење за секоја кардиохируршка интервенција и во државно и во приватно здравство
