ВМРО-ДПМНЕ: Целосен колапс на образовниот систем, платформата не издржа ни 30 минути
Владата на СДСМ на само два дена пред и така одложениот старт на учебната година направи целосен колапс на образовниот систем. Денешното тестирање на Националната платформа на министерството за образование за одвивање на онлајн настава не издржа ни 30 минути. Ваквиот колапс предизвикува премногу конфузија кај наставниот кадар, но и кај самите родители и ученици.
Откако учениците и наставниците ги добија своите насоки за работа на платформата, истата се покажа целосно нефункционална.
Најпрво, учениците и наставниците не можеа да воспостават пристап до платформата, а потоа воопшто немаа можност за вклучување. Исто така, како една од главните причини поради нефункционалноста на платформата е и големата преоптовареност од корисници. Се поставува прашањето, како за два дена ќе се обезбеди непрекинат пристап и целосна достапност на платформата која како што ја најавија има за цел да обедини 270 илјади ученици?
Иако, министерството за образование и наука претходно ги информираше родителите какви спецификации треба да имаат компјутерите со кои учениците би ја следеле наставата, кои воедно ги оптовари родителите за дополнителни близу 20 илјади денари од семејниот буџет за обезбедување на соодветен компјутер, сепак националната платформа се покажа нефункционална.
И покрај проблемите со користењето на националната платформа, сепак над 40 илјади деца во државата нема да можат да следат онлајн настава бидејќи немаат компјутер со потребните спецификации.
Владата имаше цели 8 месеци да подготви издржано решение, а ние денес на само неколку дена пред стартот на учебната година имаме огромен неуспех.
Наместо институционални одговори и решенија имавме политички кампања.
Ново на Сител
-
Нетанјаху го потврди патувањето во Вашингтон
-
Јаневска: Задоволна сум што и годинава се полнат средните стручни училишта
-
Дебар и неколку населени места утре шест часа без струја
-
Електронски свидетелства од наредната учебна година
-
Гостиварчанец возел мопед со 2,14 промили алкохол во крвта и паднал на коловозот
-
Бекер по петти пат ќе стане татко
-
Монтела останува турски селектор до 2028
-
Аспиликуета го напушти Атлетико Мадрид