Македонија
30. јуни 2025 - 19:56

Се запали глисер кај каналот Студенчишта

Повторно несреќа во водите на Охридското езеро ,се запали глисер кај каналот Студенчишта.Само што бил стартуван моторот во пловниот објект избил оган кој брзо се проширил. Во глисерот имало едно 47 годишно лице од Охрид кое за среќа не е повредено.

Со брза реакција на противпожарната единица која интервенирала со едно возило и четворица пожарникари пожарот е изгаснат и спречено е евентуално ширење на други пловни објекти во каналот.

Од СВР Охрид велат дека увидот ќе ги утврди причините за запалувањето на глисерот кој  е одземен за понатамошни вештачења.

Пловните објекти од ден на ден стануваат  се побројни а каналот Студенчишта е место каде се паркираат најголемиот дел од пловилата во Охрид. Ова не е  прв ваков случај пред неколку години на истото тоа место при поправка беше запален глисер а во друг случај пак поради неправилно налевање на гориво дојде до опожарување.