Македонија
24. September 2025 - 15:14

ВМРО-ДПМНЕ број 9, СДСМ број 5 на гласачкото ливче за локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на јавна седница со жрепка ја утврди единствената листа на редни броеви под кои ќе настапат кандидатите и коалициите на Локалните избори 2025. На избирачкото ливче владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе биде со број 9, а опозициската СДСМ со број 5.

Во продолжение е распоредот по редни броеви, како што беше извлечен од жрепката на ДИК:

1. Искуство за успех
2. ЗНАМ
3. Демократска партија на Србите
4. Национална Алијанса за интеграција НАИ-ДУИ
5. Коалиција за локални избори 2025 – СДСМ
6. Левица
7. Коалиција Влен
8. Коалиција за Зелена иднина
9. Коалиција „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ

Со денешното извлекување се финализира техничката подготовка за печатење на ливчињата и визуелната идентификација на кандидатите во кампањата. Бројките се важни за партиските пораки и за полесно препознавање на кандидатите од страна на избирачите, особено на локалните трки каде настапуваат повеќе листи.