ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи партиските агенди на СДСМ се поважни од државните, Македонија е најкорумпирана и најсиромашна
СДСМ е партија која ја води Заев аболициран за криминал кој јаде со златни лажици, додека народот нема ни за леб.
Функционерите на власта наместо да го работат тоа за кое што се платени со народни пари, тераат партиски агенди.
Ете затоа Македонија нема ни една вакцина и е последна во регионот и Европа која ќе почне со имунизација.
Ете затоа Македонија е на врвот по корупција во Европа и е на 111 место на листата на Транспаренси полоша дури и од Буркина Фасо и Брегот на слонова коска.
Ете затоа во Македонија владее хибриден режим и затоа сме најсиромашна и најнесреќна земја во Европа.
Ете затоа јавниот долг се зголеми за над 1 милијарда евра за неполна година и ја надмина психолошката граница на долгот над 60% од БДП
Ете затоа во Македонија стапката на странски инвестиции е најниско ниво во регионот со 58 евра СДИ по глава на жител.
Ете затоа невработеноста расте за 55 илјади нови невработени лица, а уште 50 илјади не земаат редовно плата.
Ете затоа Македонија со СДСМ и Заев е црна точка, бидејќи партиските интереси ги ставаат пред државните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право
-
Приватните превозници нема да возат, бараат исплата на долг од над 2 милиони евра
-
Ни волшебно стапче нема да помогне за учениците во седмо одделение да имаат нови учебници