Македонија
30. January 2020 - 15:40

ВМРО-ДПМНЕ без идеја и програма, исплашена од пораз, продолжува со конструирани случаи и измислици

Реакција на прес-конференцијата на Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ

Ниту еден конструиран случај него покрива фактот дека ВМРО-ДПМНЕ освен одбрана на криминалот, обнова на режимот и лажни вести, не може да понуди ништо што е во интерес на граѓаните.

Ништо не го менува фактот дека токму ВМРО-ДПМНЕ го донесе Законот за опојни дроги за кој денеска лажно обвинува, бранителката на обвинети за 27 април, бранителка на режимската влада на Груевски.

За него гласале и Антонио Милошоски, Димитар Стевананџија и Владимир Ѓорчев, гласните пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Неоснованите, паушални обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ не можат да го сокријат стравот во опозициската партија од извесниот пораз на изборите. Затоа имаат потреба секојдневно да измислуваат и конструираат случаи.

Граѓаните го знаат тоа и затоа на 12 април ќе порачаат режим – никогаш повеќе!