ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за случајот со полицаецот што пукаше во малолетници кај Струмица
ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за неодамнешниот случај во кој полицаец од СВР Струмица пукаше во двајца малолетници. Најмалку што може да направи Спасовски, како што изјави Сашо Павловски од ВМРО-ДПМНЕ, е да си даде оставка од морални причини.
- Двете момчиња се жртви на бруталното и непрофесионално однесување на струмичката полиција. Во децата пукаше струмичката полиција која ја води началникот Танчо Пројковски, кадар на Оливер Спасовски. Без раководно искуство, без соодветно образование Пројковски е поставен само за да дели решенија и да ја партизира полицијата. Затоа се доведени во опасност човечките животи, изјави Павловски.
Трет ден, додаде, поминува без трага и глас од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. - Нема ни смена на началникот, ниту оставка од морални причини, рече Павловски.
Како што наведе, ставени се во прашање безбедноста и сигурноста на граѓаните, а набргу ќе следуваат политичκа и κρивична одговоρност.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи