ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за исчезнувањето деца од институциите
За само еден месец имаме втор скандалозен случај со штитеници од дом за деца без родители, кој што министерството за труд и социјала се обидува да го сокрие од јавноста.
Седумнаесетгодишно девојче скоро 4 месеци било исчезнато од Домот за деца без родители „11 Октомври“, а службите пред два дена пријавиле во МВР дека е исчезнато.
Зошто некој сакал да го сокрие исчезнувањето на седумнаесет годишното девојче од Домот за деца без родители?
Дали министерката Мила Царовска е запознаена што се случува низ институциите на министерството и дали некој воопшто се грижи за штитениците од домовите?
Што треба да се случи за Мила Царовска да ја признае неспособноста, да се извини и да го препушти местото на некој што ќе знае да ја врши функцијата?
Пред само еден месец 13 годишно малолетно девојче забремени откако била сексуално злоставувана и малтретирана, а никој не сноси никаква одговорност за истиот грозоморен чин. После тоа слушнавме за дете кое шест месеци било исчезнато и пронајдено на скопските улици.
Уште колку малолетни штитеници треба да исчезнат или да бидат малтретирани и злоставувани, за конечно да профункционираат институциите на системот?
Додека Мила Царовска молчи, граѓаните очекуваат одговори, но и одговорност.
Одговорност од министерката Мила Царовска мора да има. Најмалку што може да направи е да си поднесе оставка поради неспособноста да ја води институцијата.
Ново на Сител
-
Обвинение против 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола, направиле имотна штета во износ од 178.370.319 денари
-
Мерц попладнево ќе се соочи со второ гласање по неуспешниот прв обид да стане канцелар
-
Брат (7) со автомобил прегазил 10-годишна сестра во крушевско
-
Уапсени две 18-годишни лица и еден малолетник, извршиле повеќе тешки кражби во Битола
-
Затворски полицајци во Штип нападнати откако затекнале затвореник со мобилен
-
Судењето на возачот кој ја усмрти Фросина Кулакова започнува во петок
-
Аудиција за Ѕвездите на Гранд на 19 мај во 12 часот во Сител Телевизија
-
На Бит Пазар пронајдено починато машко лице, без документи за идентификација