Власта и опозиција се усогласиле за законите за судовите и за Судски совет
Работните групи на СДСМ и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги усогласиле ставовите во врска со реформските закони за судовите и за Судски совет.
Собраниската Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на седницата што е во тек ги разгледува амандманите кои се носат без дискусија.
Разидувањата на владејачкото мнозинство и опозицијата беа во однос на дисциплинската постапка за судиите.
Еден од клучните амандмани предвидува зголемување основите за разрешување на судиите и тоа доколку не ги применуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права и ако открива доверливи информации од процесите што ги работи.
Овие два закона се дел од реформскиот пакет закони што беше планирано да бидат донесени пред објавувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија
Ново на Сител
-
Во 22 општини градоначалник веројатно ќе биде избран во прв круг
-
Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познат изгледот на гласачкото ливче
-
Уставен нема да поведе постапка за иницијативата на ДУИ
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познато гласачкото ливче за 19 октомври
-
Мицкоски најавува серијал случаи за работата на судии и обвинители