Владина седница денеска во 14 часот
Ве известуваме дека денеска, (вторник, 9.6.2020 година), со почеток во 14:00 часот, Владата на Република Македонија ќе одржи седница преку видео-конференциска врска.
На 63-тата седница, меѓу другото, на дневен ред се Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година и Предлог-програмата за изменување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година, поднесени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Една од точките на дневниот ред на денешната седница е и Предлог-програмата за изменување на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за оваа година, на предлог на Министерството за економија.
За заклучоците од седницата ќе информираме со соопштение по нејзиното завршување.
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?