Владата со пристојни услови за граѓаните - 675 прехранбени производи по ниски цени за време на новогодишните празници
Кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе - Се грижиме“ продолжува и за време на новогодишните празници.
Во договор помеѓу Владата и 60 компании се донесе одлука за намалување на цените за новогодишната потрошувачка кошничка, а со тоа се подобрува стандардот на граѓаните.
Имено, во период од 15 декември 2024 година до 15 јануари 2025 година граѓаните имаат можност да купат 675 различни производи по ниски цени. На рафтовите производите кои се со намалени цени ќе бидат означени, а дополнително преку веб страната „mojakosnica.mk граѓаните ќе може да се информираат за производите кои се опфатени од оваа листа.
Владата покажа одговорно работење и посветеност кога станува збор за подобар животен стандард.
Некои прехранбени производи се намалени за 10 и повеќе проценти, а во оваа листа спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго.
Воедно, листата во следниот период има можност да се проширува и со други производи по ниски цени. Оваа одлука е за поздравување и има за цел секое семејство новогодишните празници да ги помине во пристојни услови.
-Како Влада продолжуваме посветено да работиме во интерес на граѓаните. Преку проекти и мерки создаваме иднина и ја враќаме надежта. Само со домаќинско работење ќе докажеме дека приоритет на оваа Влада се граѓаните и обезбедување на подобар и поквалитетен живот за сите, стои во соопшетнието.
Ново на Сител
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај
-
Бизнисот го чека унгарскиот кредит, банките условите
-
Со правосилни пресуди до ефикасна борба со криминалот и корупцијата
-
Шест месеци нова Влада
-
Заврши стручниот надзор на Детска за починатото седуммесечно бебе – Таравари не сака да избрзува со заклучоци