Дали електричните возила ќе ги натераат скопјани да ги продадат сопствените автомобили?
15 000 скопјани ќе ги продадат своите своите автомобили до 2030 година. Барем такви се очекувањата на словенечката Авант кар, компанија која нуди заедничко користење на електрични возила.
Во првата фаза на пилот проектот, кој започнува во февруари следната година, 100 автомобили ќе бидат на располагање на граѓаните на Скопје. На кој му треба превоз, ќе може да го искористи електричниот автомобил за да пристигне од една на друга локација. Достапноста и локацијата на автомобилите ќе се утврдува преку апликација на телефон. Проценките се дека во оваа прва фаза, 1.500 лица во главниот град ќе го продадат сопствениот автомобил, за да се возат низ градот со електричните возила.
Електричните автомобили на компанијата Авант кар која постои 20 години, ги возат граѓаните во Љубљана, Загреб, Дубрвник, Виена, а следната година и граѓаните во Скопје. Со користење на електичните возила се очекува да се подобри квалитетот на воздухот и Скопје да се симне од врвот на европските листи за загаденост, позиција која цврсто ја држиме и денеска.
Болниците се полни, пулмолозите алармираат да се носaт маски.
Скопје утрово беше 11. најзагаден град во светот, а прв во Европа.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар