Владата предлага измени на Законот за финансирање на политичките партии
На предлог на Министерството за правда, на синоќешната седница на Владата беше рзгледан Предлогот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии.
Како што се наведува во соопштението од владинта прес-служба, со Предлог-законот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии се уредени начинот и постапката за обезбедување на финансиските средства, располагање со средствата за тековната работа и дејствување на политичка партија, како и начинот на контрола на финансирање и финансиско-материјалното работење на политичките партии.
-Согласно Законот за финансирање на политичките партии процентот за исплата на средства е 0,15% од основните приходи на Буџетот на Република Македонија во тековната година. Предлог-законот е потребен заради усогласеност со претходно донесени уредби, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Предизборни активности на независните кандидати и помалите партии
-
Со 10.000 бруцоши почна новата академска година
-
Вработените во Паркови и зеленило добија плата, останатите утре пак ќе протестираат
-
Бизнисот испорача барања до Владата
-
Преглед на вестите од светот
-
Протести го отежнаа сообраќајот во Скопје
-
Одложено судењето за „Онкологија“
-
Почна академската учебна година