Владата одлучи: Угостителските објекти се затвораат од 7 април, полицискиот час почнува од утре од 20 часот
Полицискиот час од утре да почнува од 20 часот, од среда целосно да се затворат кафеаните, кафулињата, обложувалниците, фитнес центрите, одлучи Владата на денешнатав седница по на Главниот кризен штаб.
Целосна забрана да примаат гости ќе имаат и хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување или на бензински станици кои имаат делови за служење храна. Објектите кои вршат подготовка и продажба на храна може да продаваат преку онлајн или телефонска нарачка и да вршат достава на храна или самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект, преку пулт.
Досега полицискиот час почнуваше од 22 часот, а угостителските објакти работеа до 21 часот. Одлуката за полициски час од 22 часот беше донесена на 9 март и почна да се применува од 10 до 22 март. Потоа беше донесена одлука истото ограничување да важи до утре – 6 април.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ