Владата на Бугарија го одобри Договорот за добрососедство со Македонија
Владата на Република Бугарија на денешната редовна седница го одобри текстот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија, соопшти прес-службата на Владата во Софија.
- Потпишувањето на договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија е израз на желбата на Бугарија да изгради модерни добрососедски односи засновани на европските вредности, изјавил премиерот Бојко Борисов за време на денешната седница на Владата.
Тој, како што пренесува БТА, истакнал дека повеќе години неколку бугарски влади од целиот политички спектар биле ангажирани во преговорите потпирајќи се на бугарскиот национален интерес.
Според Борисов, посетата на премиерот на Македонија Зоран Заев на Софија и изразениот став кон заедничката историја е прв чекор во напорите за изградба на нов дух во односите со соседите.
- Европската унија го оцени договорот како прв чекор и нов почеток за развој на европската перспектива на Македонија, додал Борисов.
Според него, со потпишувањето на договорот ќе биде отворена нова страница во односите меѓу двете земји и ќе се востановат односи на искрено пријателство.
Очекуваните резултати од потпишувањето на договорот треба да бидат соработка на билатерален и на меѓународен план, унапредување на транспортните врски и комуникации, издвојување средства за регионални инфраструктурни и прекугранични проекти, како и за олеснување на контактите меѓу граѓаните на двете земји, се наведува во соопштението од прес-службата на бугарската Влада.
Ново на Сител
-
Во првиот квартал со автобуси превезени 9 845 000 патници
-
Заврши доказната постапка во случајот за убиството на Вања и Панче, судењето продолжува на 2 јуни
-
Ликвидирале по нарачка, уапсени четири лица поврзани со убиствата на Орхан Бајрами Оки и Амар Исмани
-
Папата Лав Четиринаесетти повика да се дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа
-
Приведен измамник од Велес, на интернет продавал наводно благословени предмети
-
Во МЕПСО им се барало мито на инвеститори, Мицкоски очекува наскоро да бидат обелоденети ваквите тврдења
-
Фрлил шише со запалива течност на влезна врата од казино во Чаир, пробал да го запали
-
Двајца основци од училиште кај Бит Пазар нападнале соученик со остар предмет