Македонија
21. May 2025 - 16:40

Мицкоски чека предлог за нов министер до крајот на неделата

Премиерот Мицкоски им дал рок на Вреди до крајот на неделава да го предложат новиот министер за здравство и замениците во одбрана и земјоделие. Ваков договор паднал на вчерашната коалициска средба која ја имал со лидерите на оваа партија која е дел од владината коалиција. 

Вели за судбината на педесетина директори кои се откажаа од Таравари Премиерот вели дека ќе се одлучува дополнително

Таравари веќе неколку дена не ги коментира заминувањата од неговата партија откако викендов дел од поранешните сопартијци ги обвини за предавство. Утрово информираше дека остварил средба со албанскиот премиер Рама за како што вели, да му ја честита победата на изборите. 

„За време на разговорот беа дискутирани и прашања од значење за Албанците во регионот, како и потребата за зајакнување на меѓуалбанската соработка на сите нивоа – политичко, институционално и општествено.“ – се вели во соопштението на партијата на Таравари.

Средбата со Рама следи на само неколку дена по средбата на вицепермиерот Фетаи со косовскиот премиер Курти по која и јавно соопшти дека нема да го следи Таравари на патот кон ДУИ.