Мицкоски најавува и нов Клинички центар од договорот со Обединетото Кралство
Не месеци и години, туку недели се во прашање од почетокот на реализацијата на 5-те објекти во здравството кои се планирани во првата фаза од договорот со Обединетото Кралство за 6 милијарди евра, а кој ќе се потпише утре во Лондон, рече Премиерот Мицкоски и најави и изградба на нов Клинички Центар во Скопје во следната фаза.
- Клиничкиот центар во Штип, Медицинскиот факултет, Студентскиот дом, болницата во Кичево, Здравствниот дом и реконструкција на Клиничката болница Тетово, не месеци и години туку недели се во прашање од почетокот на нивната реализација, изјави Христијан Мицкоски, Премиер.
Во меѓувреме ќе се реновирааат амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клиниката за гинекологија и акушерство. Реконструкцијата чини 29 милиони денари и треба да заврши до крајот на 2025 година.
- Со реализавија на овој проект јас мислам дека пациентите ќе добијат поквалитетна здравствена заштита, ќе се намалат листите на чекање и ќе бидат подоспапни специјалистичките и субспечијалистички прегледи. Од друга страна претставува една сериозна подршка за здравствените работници кои што ќе видиме дека можат да работат во современи услови и во јавното здравство, изјави проф. Д-р Ирена Алексиоска Папестиев.
ГАК е најголемо родилиште во Македонија со околу 4000 породувања, 5000 операции и 73.000 прегледи годишно.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар