Владата ќе преговара со Хеленик Петролеум, идната година гасовод кон Грција
Хеленик Петролеум иницира, а Владата со задоволство ќе прифати средба и ќе преговара за нафтоводот, рече денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев.
На прес-конференција во Владата, Анѓушев одговарајќи на новинарски прашања соопшти дека преговорите не се почнати, но ќе почнат и за тоа јавноста ќе биде информирана.
- Хеленик Петроелум иницира средба со Владата која ние со задоволство ќе ја прифатиме. Нема да бегаме од никаков разговор, ниту од проблемите кои се наследени, мора да ги прифатиме и да ги решаваме, подвлече вицепремиерот.
Во врска со гасоводот кон Грција информира дека најверојатно активностите ќе почнат и конкретно да се реализираат во втората половина на 2019 година. Веќе постои меморандум за разбирање и тој, како што нагласи Анѓушев, треба да почне да се реализира.
- Меѓународните институции се заинтересирани за финансирање на овој гасовод. Неговата изградба ќе значи конкурентност на снабдувањето со гас, но и можност Македонија да стане транзитна земја. Следната година очекуваме реализација. Сега ќе се прави основниот проект, по што ќе следува и тендер, информира вицепремиерот. Кочо Анѓушев на денешната прес-конференција во Владата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ