Бизнис
9. October 2019 - 23:10

Владата ќе организира наградна игра за ,,Мој ДДВ‘‘ иако во опозиција го критикуваше проектот на претходната влада

Државата повторни ќе дели награди за граѓните кои си ги бараат фискалните сметки. Министерката објаснува сметките и натаму ќе се скенираат, и граѓаните на секои 3 месеци ќе добиваат назад 15% од платениот ДДВ. Дополнително Владата одлучи да ја надгради мерката со тоа што ќе доделува и парични награди за граѓаните – даночни инспектори. Фондот на добивки изнесува 31 милион денари и наградтана игра ќе ја спроведува Државната лотарија исто како пред речиси 6 години.

Прв пат ваква нагрдна игра организираше Министертсвто за финансии кога министер беше Зоран Ставрески. Целта на Фискална во рака, награда без мака беше иста – да се намали сивата економија преку стимулирање на граѓаните да си ги бараат фискалните сметки. Тогаш се делеа станови и коли, а СДСМ сметаше дека проектот е лош.

Сега, министерката вели дека проектот е различен од тој на претходната Влада и е напаревн по примерот на многу други земји кои на овој начин се справиле со сивата економија.

Во нагардната игра Мој ДДв моја награда нема да може да учествуваат лица под 18 години. За оние од 15 до полнолетство и натаму ќе важи само скенирањето фисклани.