Македонија
2. March 2022 - 9:19

Владата ќе ја одржи 19. седница

Владата денеска ќе ја одржи 19-та седница на која, меѓу другото, ќе се разгледува и Информацијата за задолженијата за надлежните институции по мерките и активностите од Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.

На дневен ред на седницата е и Националната стратегија за интегрирано гранично управување 2021-2025, со Акциски план за нејзина имплементација.

Од владината прес-служба информираат дека јавноста преку соопштение ќе биде информирана за одлуките што ќе бидат донесени на владината седница.