Македонија
28. October 2024 - 21:25

Телефонски разговор Мицкоски - Борисов

Премиерот Мицкоски оптимист дека лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов ќе формира стабилна Влада во Бугарија со која ќе се откочи патот на Македонија кон Европската Унија. На телефон денеска го уверил дека сестринската партија ГЕРБ ќе успее да формира Влада и му ја честитал победата на Борисов.

Но од кај поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошовски нема толку позитивни тонови за формирање стабилна Влада во Бугарија. И да се формира, Милошовски смета, дека нема долго да трае.

Но и Борисов да успее да формира стабилна Влада, кои се гаранциите дека со тоа ќе се тргнат кочниците на европскиот пат на Македонија? Поранешниот амбасадор, Васко Наумовски смета дека  ВМРО-ДПМНЕ и ГЕРБ како сестрински партии ќе успеат да најдат заеднички јазик и можно решение.

Формирање стабилна политичка Влада во Бугарија е тешко изводливо и речиси невозможно сценарио, сметаат дел од бугарските аналитичари.

Во Бугарија ова беа седми парламентарни избори во последните три години.