Владата ќе ја одржи 104-та седница
Владата на Република Македонија, денеска напладне ќе ја одржи редовната 104-та седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, на седницата, согласно дневниот ред, ќе биде разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, по скратена постапка, на предлог на Министерството за здравство.
Покрај другото, на предлог на Министерството за образование и наука, на дневен ред за разгледување е и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за просветна инспекција, како и повеќе информации и извештаи за планирани и реализирани проекти на одделните министерства.
За донесените одлуки и заклучоци од Владината седница, јавноста ќе биде известена преку соопштение.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Бугарија врши жестоки притисоци во пресрет на гласањето на извештајот
-
Филипче тврди дека власта има драматичен пад на рејтингот, Мицкоски ја обивнува опозицијата за предавство
-
ВМРО-ДМНЕ и ЗНАМ со заеднички кандидати за градоначалници
-
„Македонско село“ ги отвори портите за посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Позитивни податоци за земјоделството
-
Комплексот Македонско село повторно ги отвори вратите
-
Ребалансот на буџетот на Владина седница