Владата именуваше в.д. директори на повеќе институции
Владата на Република Северна Македонија вчера на шестата седница донесе повеќе одлуки за разрешување на досегашните и именување на нови кадровски решенија, и тоа:
Фејсаљ Беадини, се именува за в.д. директор на Биро за процена, орган во состав на Министерството за правда.
Седад Рушани се именува за в.д. директор на Биро за метрологија орган во состав на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Шабан Алајбегу се именува за в.д. директор на Државниот просветен инспекторат.
Хаќим Рамадани се именува за в.д. директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа.
Зухејр Реџепи се именува за в.д. директор на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам.
Месуд Јакупи, се именува за в.д. директор на Агенција за стоковни резерви.
Џеладин Џеладини се именува за в.д. директор на Казнено поправна установа Затвор Тетово.
Сељатин Бељули, се именува за в.д. директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија Скопје.
Весна Пешова се именува за в.д. заменик директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија Скопје.
Ељјеса Незир се именува за в.д. директор на Државниот завод за индустриска сопственост.
Гранит Османи се именува за в.д. директор на Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија.
Воедно, на седницата на Владата се донесе одлука за укинување на заклучокот на претходната техничка Влада со кој се предизвикува фискални импликации за реализација на Проектот за изведба на автопатот Коридор 8, Делница 2: Гостивар-Букојчани од дополнителни 252.699.474 евра, кои не се планирани и обезбедени во Буџетот, ниту се економски исплатливи.
Овој заклучок бил усвоен на 13-ти јуни оваа година, повеќе од еден месец после изборите и на неколку дена пред донесување на Одлуката за избор на нова Влада на Република Северна Македонија како и економската неисплатливост за реализација на истиот. Најавено е дека за истиот заклучок ќе биде известено и Основното јавно обвинителство.
Ново на Сител
-
Од булевари и подземни улици до социјални мерки - Ветувања на кандидатите за градоначалници на Скопје
-
Локални избори 2025
-
Изборна кампања
-
Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица против АВМУ, останува без можност за платено рекламирање за изборите
-
Онлајн купувањето станува поскапо - 18% ДДВ и за нарачките под 22 евра
-
Одземени 46 концесии за рудници и активирани 4 банкарски гаранции за фотоволтаици
-
Орце Ѓеоргиевски најавува пуштање на подземната сообраќајница во центарот на Скопје
-
Шукова најавува отворање на младински центри по примерот на големите светски метрополи