-->
-->
Владата и бунтовниците во Јемен ги обновија преговорите
-->

Јеменската Влада се врати на преговарачката маса во Кувајт со шиитските бунтовници Хути и покрај заканите дека ќе го бојкотира процесот.
Двете страни ги обновија преговорите со посредство на Обединетите нации синоќа по речиси двонеделен прекин.
Досегашните преговори не успеаја да ги приближат позициите на меѓународно признатата Влада, која е поддржана и од Саудиска Арабија, на претседателот во егзил Абд Рабо Мансур Хади и бунтовниците, кои кон крајот на 2014 година го зазедоа јеменскиот главен град.
Делегацијата на Хади инсистира на применување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, со која се бара повлекување на милициите од сите градови. Хутите бараат поделба на власта во преодна влада.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

Акција за почисто Скопје во полн ек
-

Николовски тврди дека се загрозени 128 милиони евра од ИПАРД, Трипуновски тврди дека не се
-

Нема напредок во работата на комисијата со Бугарија - учебниците по историја за петто и шесто одделение на увид
-

Вештачката интелигенција нема да ги замени лекарите, туку ќе им помага
-

Во Штип прв центар за рана рехабилитација на деца со попречености
-

Саем за храна под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“
