Владата го утврди Предлог-законот за енергетика
Владата на денешната седница го утврди Предлог-законот за енергетика и донесе одлука тој да се достави до Собранието на усвојување.
Од владината прес-служба информираат дека целта на законот во прилог на либерализација на пазарот со енергенси, меѓу другото, е да се поедностави учеството на трговците со електрична енергија и природен гас од други земји на пазарите во РМ преку регистрација во Регулаторната комисија за енергетика и да се овозможи пристап и приклучувањето на трети страни на системите за пренос и дистрибуција на енергија што е целосно во согласност со барањата од директивите и регулативата на ЕУ.
Со Прдлог-законот во делот на пазарот на топлинска енергија, се наметнува обврска на секој новоизграден објект што се приклучува на системот за дистрибуција на топлинска енергија да има вградено уреди за мерење на локалното распределување на топлинската енергија (калориметри).
Со новите предлог законски решенија се воведуваат нови мерки за финансиска поддршка за поттикнување на производството на обновливите извори на енергија.
Ново на Сител
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ПИОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди
-
Необичен хуман гест- донација од 200 литри магарешко млеко за опоравување на повредените во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура